„На секој ден доста му е неговото зло.’’(Мт.6,34)




Неволјата на човекот е во тоа што постојно се брза, но брза суетно, бесплодно. Човекот ги придвижува  планините со својата енергија, подигнува и руши цели градови за многу кратко време. Но, ако се загледаме во таа негова енергија и ги погледнеме нејзините последици, ќе забележиме дека таа не го умножува доброто во светот. А тоа што не го умножува доброто е бескорисно. Дури и уништувањето на злото е бескорисно, ако тоа уништување не е пројавување на добро и не носи плодови на доброто.

Животот на луѓето во светот стана силно убрзан и станува сé поубрзан; сите бегаат, сите стравуваат да не задоцнат некаде, да не најдат некого, нешто да не пропуштат, нешто да пропуштат да направат.
Машините се раздвижени по воздухот, водата и земјата, но не му носат среќа на човештвото; напротив, ја рушат и онаа мала среќа што остана на земјата.



Во светот влезе ѓаволска убрзаност. Тајната на оваа убрзаност ни ја открива Словото Божјо во 12- тата глава на Откровение: „И чув висок глас на небото да зборува: сега настана спасението и  силата и царството на нашиот Бог и власта на Неговиот Христос, бидејќи е симнат клеветникот на  браќата наши, кој ги клеветеше пред нашиот Бог дење и ноќе. Тие го победија со крвта на Агнецот и
со словото на своето сведоштво и не се грижеа за животот свој дури до самата смрт. Затоа веселете  се, небеса, и вие, кои живеете на нив! Тешко вам, кои живеете на земјата и морето, зашто ѓаволот слегнал при вас со голем гнев, оти знае дека му останува малку време.’’(Откр. 12: 10-12)

Слушнете: ѓаволот се симна на небото и на земјата со голем гнев, знаејќи дека има малку време. Еве  од каде е ова незапирливо сé побрзо вртење наоколу на работите, па дури и поимите во светот во  вртлог, ете од каде сеопшта убрзаност и во техниката и во животот- сé неограничено бегство на  луѓето и народите.

Крајот на царството на сатаната брзо ќе настапи. Ете ја причината за веселбата на небото и на оние  луѓе на земјата кои живеат небесен живот. Осудено на пропаст и чувствувајќи ја својата погибел,злото беснее по светот, го вознемирува човештвото, се возвишува до крајни краници и ги принудува луѓето кои не го ставиле на своето чело и срце крстниот печат на Божјото Јагне, да се стремат напред несопирливо и да го забрзаат својот живот. Злото знае дека само во таков бесмислен вртлог на луѓе и народи може да смета на тоа да присоедини кон својот погибел уште поголем дел од човештвото.
Вкочанети луѓе, носени наваму- натаму, малку се способни да размислуваат и расудуваат за големите и вечни вистини, за чие постигнување е неопходен барем малку божествен молк, барем момент света тишина.

Техниката веќе одамна го убрзува движењето на луѓето и нивното здобивање на земските богатства. Се чини дека треба да остане повеќе време за духовен живот. Меѓутоа, не. Животот на душата стана тежок  и напорен. Материјалноста на светот брзо ја стегнува, впива во себе душата на човекот. И душата  умира. Нема повеќе време за ништо возвишено во светот. Сé се завртува, сé се врти и ја забрзува  својата трка. Каква ужасна измама! Меѓутоа, таа силно ги држи луѓето и народите во своја власт.
Наместо духовно смирение, со светот веќе владее психоза на телесна брзина, телесни успеси. Наместо  засилување на свето разгорување на духот се случува сé посилно разгорување на светото тело. Се  создава илузија на работа, зашто човекот е приврзан за работата и не може да биде мирен без работа.
Но, телесната работа не го успокојува човекот, затоа што човекот не владее со нив, туку тие со него. Човекот е роб на телесна работа. Гради на песок, а тоа што е изградено на песок, се разрушува. Од човечкиот дом на земјата останува куп прашина. На местото на многу горди градби остана куп песок. Од тој песок, човекот повторно си изградува на себеси свет.
Песокот се растура и човекот се труди собирајќи го... Несреќен човек! Сите се оковани во ланец на ситни работи кои не допринесуваат ништо на душата, кои треба што побрзо да се завршат, за да може што побрзо да се започнат други исто така ништожни работи.






Па каде да се најде време за добро? Дури се нема време да се мисли за тоа. Сé е пополнето во животот. Доброто е како странец, за кое нема место ниту во службените станови, ниту во заводите, ниту на улиците, ниту во домот на човекот, а уште повеќе ниту на местата за разонода. Доброто нема каде глава да потслони. Па како тогаш да побрзаме да го правиме, кога не е можно ниту пет минути да го повикаме кон себе, и тоа не само во просторија, туку ни во помисла, во чувство и желба. И како тоа доброто, ова да не го разбере и да се обиде да чукне во совеста и малку да ја помачи? Работа, работа, грижи, неопходност, неодложност, разбирање на важноста на сé направено… Несреќен човек! А каде е твоето добро, каде е твојот лик? Каде си самиот ти? Каде ти се сокриваш зад тркалата кои се вртат и зад завртувањата  на животот? Сé ќе ти кажам: побрзај да чиниш добро, додека живееш во тело.
„Оди во светлост, додека имаш светлина“ (Јован 12:35). Ќе дојде ноќ, кога веќе нема даможеш да чиниш добро, иако би сакал.

Но, секако, ако на земјата, ова предворје, како на рајот, така и на адот, не си посакал да чиниш добро, дури ни да мислиш на него, тешко дека ќе посакаш да го чиниш тогаш кога ќе се најдеш сред ноќта, позади вратата на ова постоење, исфрлен и суетата на овој живот која ја расеала и развеала твојата душа во ладната и темна ноќ на небитието. Поради ова побрзај да чиниш добро! Најпрво почни да мислиш за тоа да го сториш, а потоа почни да го правиш. Побрзај да размислиш, побрзај да го направиш. Времето истекува. Ова е вечно во привременото. Принеси ја таа работа како нешто најважно во својот живот. Стори го тоа додека сé уште не е доцна, зашто ужасно ќе биде да се задоцни во чинењето добро и со празни раце и ладно срце да се отиде на оној свет и да се надеш на Судот на Творецот.

Кој нема да побрза да чини добро, тој нема ни да го стори тоа. Доброто има потреба од огненост. На млаките ѓаволот не им допушта да чинат добро, туку им врзува и раце и нозе пред да помислат на доброто. Доброто можат да го сторат само огнените, жешките. Во нашиот свет добар може да биде само молњевито добар човек. И како животот повеќе одминува, толку човекот треба да биде помолњевит за добро. Молњевитоста е израз на духовна сила, тоа е храброст на светата вера, тоа е делување на доброто, тоа е вистинска човечност!

Со брзина да се спротивставиме на забрзаноста на суетата и злото, пламенот на движењето кон остварување на доброто. Господи, благослови и укрепи!

Забрзаност да се раскаеме после некој грев- тоа е првиот пламен кој Му го принесуваме наБог.

Забрзаност да му простиме на братот кој ни погрешил е вториот пламен кој Му го пренесуваме на Бог.

Забрзаност на одговор на секоа молба чие исполнување е возможно и полезно е за оној кој моли е третиот пламен.



Забрзаност да им се дарува на ближните сé она што може да ги избави од неволја е четврт пламен на духот, кој Му е веродостоен на Бог.

Петтот пламен е умешност брзо да се забележи што му треба на некого и материјално и духовно и умешност барем со малку да му послужи на секој човек; умешност да се моли за секој човек.

Шестиот пламен е умеење и цврста одлука на секој израз на злото да се спротивстави со добро, на секоа темнина- Христова светлина, на секоја лага- вистина.

И седмиот пламен на нашата вера, надеж и љубов е умеење на срцето и целата природа моментално да се вознесат кон Бог, предаваќи се на Неговата вола, благодарејќи Му и славословејќи Го за сé.

~ Свети Јован (Шаховски), епископ санфранциски

 

Извор: P.S.W.

Snežana Cornet's profile photo, Image may contain: Snežana Cornet, indoor

Подготви: Снежана Корнет

 

Друго:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

http://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D1%81%D0%BD%D0%B5%D0%B6%D0%B0%D0%BD%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%82&ordering=newest&searchphrase=all