„ Во часот на очајанието, знајте дека не ве оставил вас Бог, туку дека вие сте го оставиле Него.
Еве, како во името на Бога, ви наложувам да живеете кога сте сами :
Макар колку и да ви е мачно , и колку да немате воља, секогаш во мислите со срце призивајте Го Господ Исус , Кој живее во вашата душа. "

Оптински Старци

+++

"Грешка е што сакате да најдете мир во некоја личност.
Секој човек, колку и да те сака, без разлика колку и вие да го сакате него, ( видете и вие во самите себе) - неговите можности се ограничени.
Тоа е човек, има мала моќ, мал е неговиот капацитет, само Бог дава целосен одмор на другиот човек и само Бог никогаш не го отфрла човекот, ниту пак ќе не' разочара !
.....Никој човек не може да утеши друг човек. Она што го бараме од другите, треба да го бараме од Бога."

Митрополит Атанасиј Лимасолски


+++

"Не треба да се преоптеретува умот со прекумерно читање молитви и Писмото ; не треба , исто така, да се пропуштаат своите обврски поради неумерено бавење со молитвата и читање.
Како што прекумерното земање храна го расипува и ослабнува желудникот, така и неумереното земање духовна храна го слабее умот,, го одвраќа од побожното развивање на добрите способности, наведува на него униние."

Свети Игнатије Брјанчанинов


+++

 "Вистински смирените луѓе, кои ги сакаат своите ближни, ни најмалку не се грижат за надворешниот впечаток што го оставаат на другите.
Тие водат сметка за својата душа и се зафатени со вистинско исполнување на Христовите заповеди во поглед на ближните."

Архимандрит Лазар Абашидзе

 


+++

'Ние Ѝ се молиме на себлагата и пренепорочна Божја Мајка, а Таа се моли за нас.
Ние Ја прославуваме Неа – повозвишената од секоја слава, а Таа на сите нам ни подготвува вечна слава.
Ние често Ѝ велиме: „Радувај се!“, а Таа Го моли својот Син и Бог: „Сине мој, љубен! Дај им вечна радост, зашто ја поздравија мојата радост."



Св. Јован Кронштатски

+++


„Не знаењето кое ќе го научиш,

туку знаењето кое ќе ко пропатиш,

Тоа е православна духовност.“

 

+++

 "....И непрестано слушаме нешто од што ми се крева косата на главата, а особено е упатено кон младите.
Ним им велат:
ʺ За да бидеш црковен човек, Божји човек, добар човек, треба секоја недела да одиш во Црква, да не се однесуваш недолично, да не го правиш тоа и тоа, да се причестиш 3-4 пати годишно и исто толку пати годишно да се исповедиш.ʺ
И ете со тоа сѐ се завршува.
Меѓутоа тоа не е во ред. Тоа е потполно погрешно.
Ние треба да ја откриеме врската на нашето битие со Бог, живата врска, онака како што сакате друг човек, без шеми и однапред смислени форми и рецепти.
Како што е вашиот однос со другиот човек жив, таков треба да биде и односот со Бог.
Единствено така ќе можете да ја сфатите полнотата за која се говори во Евангелието.
Затоа и пред малку говорев дека не треба да бидеме површни, туку да проникнуваме во суштината на нештата, за да разбереме што тоа се случува и од каде таа празнина во нас.
Зар уште нешто нѝ е потребно?"

Митрополит Атанасиј Лимасолски

+++

+++

"Ви се случува ли од некого да чуете нешто што ќе ве натажи? Бог го знае тоа. Вие само раширете ги своите раце кон Него, велејќи: „Господи Исусе Христе, помилуј ме!“ Направете вашиот ближен да биде едно со вас. Господ знае што ја мачи неговата душа, па гледајќи ја вашата љубов, ќе побрза да помогне. Тој ги знае најдлабоките желби на човечкото срце..."

- с. Порфириј

+++

"Во мојот живот на прво место е молитвата. Не се плашам од пеколот, ниту мислам на рајот. Само сакам Господ да се смилува на целиот свет, па и на мене...
Се молам за вас кога сте во искушенија, но тоа не е доволно. Мојата молитва треба да наиде на одѕив и од ваша страна. Бог, Кој ни ја праќа Својата благодат, треба да ги види нашите раце раширени за прегратка, за да можеме да ја примиме Неговата благодат. Понатаму, што било и да допушти, тоа ќе ни биде од духовна полза... Молете се за оние што ве обвинуваат, па во вашата молитва ќе бидат опфатени и тие."

- старец Порфириј

+++


Избор од ФБ профилот на : Баге Благица