15/05/2021

 

 

Ноќ повторно наидува
во утро рано на мои очи,
ученик наместо да се надѕидува
дозволил нешто да го кочи.

Прослава чесна Небесна,
за учител се одвива
ликува Небеса, торжествува,
Црквата воскликнува.

А ученик немо поглед упатува
преку планини, горски езера,
до место на прослава,
до цела вселена.

Радувај се,
Атанасие свети,
кој во свои прегратки нѐ прими !

Радувај се,
Бесмртно Име прослави
и за Него душа обручи !

Радувај се,
небесна вечна пофалбо
и земна конечна победо !

Радувај се,
Евангелска вистино
на Духот Свети саду осветен,
во служба Негова височино,
за крштението учител благодатен !

Во прегратки твои примени
од временски мени заштитени,
нахранети со скромност, издржливост,
напоени со нектар на благодарност.

Одгледани со солзи растворени
испратени во борба отворена,
ти како штит се постави
помеѓу светот и душата положена.

Прости,
прости на оние
кои немаат свечена одора,
се исполнивме со самоволие
од кое срцата ни се затруја.

Затоа ничкум паѓајќи
пред твоја врата коленичиме,
поглед не подигнуваме
а само глаголаме :

Радувај се,
прегратко која нѐ удоми,
на немилост не нѐ остави !

Радувај се,
очи ни избистри
столбови ни постави
оградувајќи нѐ со Христови вистини !

Радувај се
во самоволие залутавме,
а ти родител заштитник
отфрлање не даде,
прибра секој патник намерник !

Радувај се,
еве патека се отвора
маглата се расчистува,
домот да си го видиме
корени диви повеќе да не јадеме.

Радувај се, Атанасие Велики
кој за нас спасоносна молитва сотвори !



 

Од поезијата Манастирски води на сестринството
на Манастирот Свети Јован Претеча Слепче

 

https://www.manastirslepche.mk/novost/ovoj-den-na-sveti-atanasij-veliki/

 

Друго:

3ти мај  2021 лето Господово

ПП