Капка

Од каде протече во овој свет ,
Или од кого се изли безшумно,
Дали си последица на гревопадот,
Или си радосница на оној кој е свет?

Капка по капка – море,
По кое пловиме за да стигнеме до нашето пристаниште
Капка по капка – езеро,
Во кое како во огледало се гледаме весело.

Но има ли место за радост
Во овој свет исполнет со прелест,
Освен онаа благост која доага со мудроста
Спознавајки те Тебе во вечноста.

Капка протекува од жалоста
Кога го гледаме нашиот ближен во јароста
Фатен во мрежата на прелеста.

Крвава капка се излева
Од окото на Оној Кој се грижи за нас
Гледајки ја нашата самотија,
Создадена во еден час
Последица на нашето мудрување,
Изгубена битка на нашто поимање.

Како ли сега очи да се има
Да се види како не опфака зима,
Како ли сега глава да не се наведне
Да не се плаче врз нашите непогоди.



Има ли доволно солзни капки
Кои би ги осветлиле сите наши стапки,
Па да знаеме дека не одиме по патот на лагата
Избирајки ја вистината.


Разумот ви вели -
Да бидам капка во Твоето око
Која ке ја чуваш засекогаш - нели ?
Или по Твојата волја неприкосновено
Да ти послужам за повисоки цели,
Носејки утеха на оние кои ти се мили.

 

 

Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир

 

Друго:

 

29-ти март 2018 лето Господово

ПП