Во Името на Отецот и Синот и Светиот Дух! Амин!

lit.Ap.Toma1a.jpgВозљубени браќа и сестри, целата човечка историја до доаѓањето на Господа Исуса Христа наликуваше токму на она што го кажа Симон Петар “ Цела ноќ се трудевме и ништо не уловивме”.
Зашто навистина таму каде што ја нема благодатта, таму човек и многу да се труди неможе многу да постигне. Зошто како што вели и цар Давид “И коњот може да биде брз и јавачот вешт , меѓутоа ако Бог благоволи никаде нема да стигнат ”.
Токму  Бог и Неговото воплотување, доаѓањето на Синот Божји во светот беше таа благодат којашто се излеа врз човечкото и секое дело човечко стана благословено. Дело коешто е потребно да се изврши заради нашето спасение. Токму затоа и послушувајќи го Христа, Симон Петар се здоби најпрво со богат улов, со сознанието дека благословот Божји навистина може сé и конечно го спозна и своето смирение, зошто почетокот на секоја добродетел е смирението. Тој Му рече на Господа :
“ Оди си од мене Наставниче зашто јас сум грешен човек, не сум достоен да бидам во твоето присуство”. И на тој начин навистина почнува секое послушание, најпрвин смирувајќи се себеси пред Оној Којшто е почеток и начело на нашето спасение.
Двата кораба се трудеа цела ноќ и ништо не уловија, но кога дојде Господ и кога го слушнаа Неговото Слово тогаш нивните срца се исполнија со вистински спасителен оган, а пак нивните мрежи полни со риба како што вели Евангелието дури  и се скинаа од  мноштвото на риби.
 Ако застанеме во нашиот живот, ако се смириме пред Христа, ако Го послушаме Неговото Слово и ја спознаеме нашата грешност постојано каејќи се и испитувајќи се себеси, тогаш и мрежите на нашето изобилство ќе бидат исполнети, тогаш и патот кон нашето спасение ќе биде сигурен. Тоа ни Го порачува Господ во ова Евангелско собитие. Зошто и ако цела ноќ се трудиме, само тогаш кога Бог ќе Го стави Својот благослов врз нашиот труд, само тогаш тој ќе биде вистински труд, труд за нашето спасение. Токму затоа и повикувајќи Го Господа да биде Благословител и Учесник во секое наше дело преку молитвата и испитувајќи го своето срце кон вистинско смирение, ќе можеме да принесеме и добри плодови, плодови коишто ноќта ќе ја претворат во ден, трудот ќе го претворат во Литургија, а животот ќе го претворат во Вечност. Амин!

lit.Ap.Toma1c.jpg

Извор: http://www.akmpe.org/

Друго:

 

Посети:{moshits}