Свети Григориј Палама
„Сакајќи да создаде слика на апсолутната убавина и јасно да им ја покаже на луѓето и на ангелите силата на својата уметност, Бог ја направил Марија вистински прекрасна.
Он во Неа ги соединил одделените убавини што им ги раздал на другите созданија и од Неа направил заеднички украс на сите видливи и невидливи суштества; или поскоро, од Неа направил мешавина од сите божествени, англески и човечки совршенства, една врвна убавина што ги разубавува и двата света, која се издигнува од земјата до небото, а последново дури надминувајќи го.”