Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: „Среќата е средбата со некого,човекот е битие за заедница, не за самотија“
Соочувајте се со предизвиците во животот, барајте решенија и одговорите, не очајувајте. Не се осамувајте, туку и маката и среќата споделувајте ја со оние што ќе знаат да ве разберат и ќе знаат со искреност да пристапат. Надградувајте се: читајте, информирајте се, за да знаете да расудувате и да не дозволувате да бидете наведувани. А особено и најмногу од сѐ – учете ја и живејте по принципите на Евангелието и верата во Господ.