„Православна светлина“ бр. 34

Излезе од печат Петровденското издание на списанието „Православна Светлина“. Во овој 34-ти број се сместени повеќе наслови од нашата православна вера и живот. Се надеваме дека и овој празничен број на Православна Светлина ќе биде радосна вест за сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко. Вашиот примерок од новиот број ќе можете да го земете во сите храмови низ Повардарската епархија.











Научниците од археолошкиот институт РАН при ископувањата во Георгиевскиот соборен храм во Новгород, ја пронајдоа загубената во почетокот на XX век гробница на Св. Теоктист, којшто ја вршеше должноста Архиепископ Новгородски во почетокот на XIV век. Во гробницата беа пронајдени златоткани покривки и моштите на светиот, кои биле пренесени во Георгиевскиот соборен храм некаде во XVIII век, соопштува прес службата на археолошкиот институт.






































