Oд еднa диплoмскa рaбoтa, пo пoслушaние

Знаејќи го тоа и Авва Мојсеј советува да го бараме послушанието и за него вели: “совршено откажување од својата душа докажано со потсредство на телесни дејствија и дејствија без расудување“10, какво што покажува Авва Јован Колов кога неговиот Старец го зел својот сув стап и го забил во сувиот песок, велејќи му: “секој ден полевај го ова дрво со вода додека не донесе плод“.










Витавара, која се наоѓа на источниот брег на реката Јордан, на девет километри северно од Мртвото море, се состои од две главни археолошки зони: зоната Тел ел – Харар, позната како место од каде што на небото беше вознесен пророкот Илија, и зоната каде што се наоѓа храмот на Св. Јован Крстител, во близина на Јордан. Според христијанската традиција, во Витавара Господ Исус Христос го примил Крштението од раката на Св. Јован Претеча.
Јас веќе сум ти зборувал за ова. Кога христијанинот со полна доверба се предава на Господа, тогаш Тој испраќа мир и спокој, и во телото на човекот, и во неговата внатрешност. Како резултат на тоа, внатрешните органи и жлездите започнуваат да функционираат нормално и ние се ослободуваме од она што порано ни пречело и повторно стануваме здрави.
Aмериканец од грчко потекло, семеен човек, ја здогледал несоздадената светлина – „ несоздадената светлина“ се нарекува така, затоа што не е создадена, т.е. без почеток е, таа е Божествена енергија, самиот Бог; највисоките духовни подвижници живеат во неа; таа е цел по која копнеат сите кои се подвизуваат и се смета за искуство на обожението, за учество на човекот во Божествената енергија, „…на заедничарите на Божествената природа...“.



































